Хорор-повреда за Звонимир Срна на мечот против Луксембург

Хрватскиот репрезентативец Звонимир Срна доживеа хорор-повреда на квалификацискиот натпревар за Европското првенство против селекцијата на Луксембург

Срна во еден момент беше силно соборен од противнички играч кој стартуваше со лакт директно во неговото грло, по што остана да лежи на паркетот. 

Откако дојде до клупата почна да искашлува крв, што беше јасен сигнал дека нешто не е во ред и веднаш беше пренесен во болница, каде било востановено дека се работи за скршеница на гркланот!

Срна дури се обиде и да го продолжи мечот, но судиите не му дозволија, а воедно и му доделија исклучување од две минути, што наиде на голем шок на трибините. Повеќе информации за неговата состојба се очекуваат наскоро. Хрватска на крајот го совлада Луксембург со конечни 30-20, а пласманот на континенталниот собир го потврди со шест чисти победи во групата.