• Иван Димовски
Репрезентацијата на Холандија потешко од очекуваното дојде до првата победа во групната фаза на Европското првенство, совладувајќи ги девојките од Исланд со 27-25 (12-12). Парираа аутсајдерките, дури одиграа и подобро во првиот дел во кој водеа често. Сепак, квалитетот на фаворитките на крајот пресуди за конечен триумф. Најефикасна на средбата беше Албертсдотир со осум погодоци, додека кај Холандија по пет дадоа Хушер, Нусер и Малестин.
Ракометарките на Романија минимално славеа во драматичен меч против фаворизираната Чешка (29-28) во рамките на групата Б. Чешките ракометарки имаат за што да жалат, бидејќи водеа во првиот дел и со шест разлика, а имаа предност и до пред самиот крај. Во драматична завршница Романките дојдоа до први бодови.
Најефикасна на мечот беше Чолевова која даде дури 13 гола, додека кај Романија се истакнаа Базалиу со девет и Остасе со осум.
Стартен триумф забележа и Швајцарија во дуелот со Фарски Острови (28-25).