Холандија со сигурна победа над Грузија го заврши настапот на Европското првенство

Во натпревар без преголемо резултатско значење, репрезентацијата на Холандија ја совлада Грузија со конечни . Дуелот од групата Е на Европското првенство се играше меѓу селекции кои веќе ги загубија сите шанси за евентуален прогрес во главната фаза.

„Лалињата“ беа фаворити и комплетно ја оправдаа оваа улога, имаа три гола предност на паузата (18-15), а во второто полувреме само го дотолчија противникот и се изборија за поубедлива победа. 

За Холандија овој триумф значи дека ќе биде во поповолна ситуација во квалификациите за Светското првенство, каде ќе биде во малку попривилегирана позиција во однос на противникот. 

Најдобар поединец на денешниот натпревар беше Гиорги Тшковребадзе со 11 голови, а во победничкиот состав на Холандија осум гола постигна Ивар Ставаст.