Холандија со пенал во последна секунда го грабна првото светско злато!

Женската ракометна репрезентација на Холандија за првпат освои златен медал на големите натпреварувања откако во финалето на Светското првенство (СП) во Јапонија, во супер драматичен натпревар за титула ја совлада Шпанија (30-29 ).

По бронзата и среброто, конечно и светското злато блесна на градите на „лалињата“. Холанѓанките одиграа одличен натпревар, водеа во поголемиот дел од средбата и заслужено се искачија на тронот. Ова е вкупно петти медал за репрезентацијата на големите натпреварувања во последните пет години.

„Фуријата“ доминантно го отвори натпреварот, за шест минути даде шест гола во мрежата на Холандија (6-2), но бронзените од последното ЕП не се предадоа, па откако ја стегнаа одбраната, дадоа четири погодока во низа, за изедначување на 9-9. Мечот во своја полза Холанѓанките го свртеа пред паузата, кога со серија од три гола дојдоа до предност од 13-16.

Неизвесноста во Кумамото се врати на седум минути пред крајот, кога Шпанија дојде на еден гол негатива (27-26), истата траеше и до 57. минута (29-28), а откако Холандија не реализира, „фуријата“ за првпат изедначи по долго време (29-29) на само 100 секунди пред финишот. Следеше нов нереализиран напад на „лалињата“, па Шпанија доби напад за победа. Но, тој не се реализираше, а откако Холандија повлече контра, следеше груб прекршок на играта на Шпанките, црвен картон и пенал кој Абинг го претвори во гол, вреден светска титула.

Најдобра во победата беше Полман со девет погодока, па ја следеа Абинг со седум и Снелдер со пет гола, додека кај Шпанија прво име беше Барбоса со седум гола, пред Хереро со шест.