Холандија сè поблиску до полуфинале, убедливо ја совладаа и Србија

Во вториот денешен натпревар од групата во Хелсинборг од женското Европското првенство ракометарките на Холандија ја остварија зацртаната цел и извојуваа убедлива победа над селекцијата на Србија со 35-27 (17-12). Со оваа победа „лалињата“ ќе се искачат на челната позиција од табелата со шест бода, додека Србија останува на петтото место со три освоени бода. 

Ракометарките на нашит северен сосед само во почетните минути од мечот резултатски се држеа со големиот фаворит кога на голот блескаше Јована Рисовиќ, но само до 8. минута кога  Холандија со голот на Ангела Малестен за првпат поведе (5-4) и водството го чуваше до самиот крај. На одмор се замина со позитива на Холанѓанките од 5 гола, а таа се зголемуваше во текот на второто полувреме, за на крај да слават со максимални осум. Кај победничката селекција најрасположена беше Стоилковиќ со 8 гола, додека кај Холандија по шест гола постигнаа Абих и Броч. 

Холандија во вториот натпревар од втората групна фаза ќе се сретне со Шпанија, која денес ремизира со Германија, додека Србија е пред уште еден тежок дуел, бидејќи за противник ја има големата Франција