Холандија падна во продолженијата, прва мундијалска бронза за Франција!

Репрезентациите на Франција и Холандија одиграа драматичен натпревар за бронзениот медал на Светското ракометно првенство, а победата на крајот замина кај „триколорите“, кои победија со конечни 33-31, и тоа по две продолженија од по пет минути. 

Се играше цврсто и неизвесно, на паузата Франција имаше минимална предност (12-11), а во второто полувреме бевме сведоци на огромна борба. Французинките имаа гол позитива на 12 секунди до крајот, но „лалињата“ успеаја да израмнат преку Дионе Хушер, која ги постави конечните 26-26 во регуларното време и го одведе мечот во продолженија. 

Дополнителното време донесе далеку подобра игра на Франција, која успеа да направи две мини серии од 2-0 и се „одлепи“ на доволна разлика за на крајот да дојде до посакуваната победа. 

Холандија се обиде да се спротивстави со сите сили, но немаше доволен фокус во клучните моменти и мораше да се помири со болен пораз пред своите гледачи. Франција на крајот победи со конечни и го освои првиот бронзен мундијалски медал во историјата. 

Најдобра ракометарка во победничкиот состав беше Сара Буктит со девет голови, а кај селекцијата на Холандија по шест погодоци постигнаа Бо Ван Ветеринг и Роме Маршалкерверд.