Холандија го издржа фуриозниот финиш на Црногорките

Црна Гора

Последниот меч од групната фаза за Холандија донесе триумф над Црна Гора (30-29) и закажа четвртфинален дуел со репрезентацијата на Франција.

Останува уште да се одигра мечот меѓу Норвешка и Јапонија. Домаќинот со триумф може да се надева дека ќе се најде на листата четвртфиналисти на олимпискиот турнир.

Холанѓанките беа фаворитки пред мечот и тоа го покажаа со одлична офанзивна претстава во првиот дел. Тоа беше факторот кој најмногу влијаеше на освојување на бодовите на оваа средба. Црна Гора започна да намалува од негативата во финишот, но веќе беше касно за нешто повеќе. Избраничките на Бојана Поповиќ намалија на два гола разлика, но останаа без време за херојски кам-бек.

Ван дер Хејден постигна пет гола за Холандија, а Радичевиќ со осум погодоци беше најефикасна кај Црна Гора.

Во борба за медалите ќе се борат: Норвешка, Холандија, Црна Гора и Кореа од А групата и Шведска, Русија, Франција и Унгарија. Елиминиран е светскиот вицешампион Шпанија, непредвидливиот Бразил и аутсајдерите Ангола и Јапонија.