Хешам со звукот на сирената го „смрзна“ Кил, ништо од германско финале во ЕЛ

Ништо од германско финале во Европската лига во ракомет. Победникот на Купот на Франција, култниот Монпелје, славеше во второто полуфинале на „фајнал-фор“ турнирот во Хамбург со 31-32 (17-16). Со оваа победа Монпелје се реваншираше за ланската елиминација во Лигата на шампионите, кога прокоцка победа од девет разлика и загуби во Кил со десет гола.

Монпелје започна моќно и го принуди Филип Јиха на тајм-аут при 0-4. Следеше првенец на Дувњак и бавно враќање на бундеслигашот. Волф одбрани неколку топки, а Зербе и Скипаготу спуштија до -2., Сепак, Шихам и Порто го одржуваа францускиот тим со предност до 20. минута. Следеше серија 5-0 и 17-16 за „зебрите“ на полувреме.

По израмнетиот почеток на вториот дел, Мрква блесна на голот, а Јохансон и Мадсен донесоа 23-20 во 44. минута. Сепак, Монпелје се врати и Валентин Порт израмни на 26-26 во 52. минута. Следеше игра гол за гол до самиот финиш, Себастијан Карлсон со гол од крило првпат донесе предност за Монпелје во вториот дел во 59. минута (30-31). Јохансон израмни на 15 секунди до крајот, но преостана само последниот напад. Ахмед Хешам преку блокот го совлада Мрква и донесе историско финале за Монпелје (31-32). 

Најефикасни кај Кил беа Јоханесон и Зербе со по седум гола, додека во тимот на Монпелје се истакнаа Карлсон со осум и Хешам со седум погодоци. Финалето на Европската лига меѓу Кил и Флензбург се игра утре во Хамбург од 18:00 часот. 

ФОТО/PHOTO: European handball federation