Херона: Шпанското искуство може да биде многу корисно за ракометна Србија

Ракометната репрезентација на Србија од денес и офицјално има нов селектор, во името на шпанскиот стратег Тони Херона. 

Оваа одлука беше донесена на денешниот Управен одбор на Ракометниот сојуз на Србија, а сега веќе новиот селектор го имаше и своето прво обраќање пред тамошната јавност. Херона вели дека без разлика што има клупски ангажман, ќе го даде максимумот за развивање на српскиот ракомет, а призна дека во последниот период гледам многу натпревари на српските екипи. 

„Мојот ангажман во селекцијата ќе биде максимален, без разлика тоа што сум тренер на Шартр.  Денешната технологија ни овозможнува да ги имаме сите натпревари, а во изминатиов период морам да признаам дека ги гледав сите дуели на Металопластика и Војводина во СЕХА лигата и ЕХФ Купот и бев изненаден од неколку играчи. Кога разговарав со РСС се отворија прашања и за младинските школи и во овој сегмент мислам дека шпанското искуство може многу да влијае“, изјави новиот српски селектор. 

Херона на кормилото на Србија седнува како замена за легендарниот Перуничиќ, кој по слабиот резултат на Европското првенство доби отказ од селекторската функција.