• Саше Љолес
Ракометарите на Нексе Нашице забележаа гостинска победа кај Кристијанштад (34-36) и приредија изненаување во првиот осминафинален натпревар од Европската лига на ЕХФ.
Хрватскиот претставник одигра храбар меч и успеа да дојде до победата со одличен пристап во второто полувреме. Домаќинот имаше предност од три гола на паузата (21-18), но потоа Нексе заигра многу подобро и сосема заслужено се враќа дома со предност од два погодока.
Најдобар поединец во победничкиот тим беше Тин Лучин со девет голови, а во редовите на Кристијанштад, два гола помалку впиша Аксел Менсон.
Прилично убедлива гостинска победа оствари и германскиот гигант Флензбург, кој славше со конечни 32-38 кај екипата на Скандерборг Архус.
Германскиот репрезентативец Јоханес Гола беше автор на девет погодоци, а во домашниот тим осум голови постигна Емил Ларке.






