Херојски пресврт на Висла, прими пет гола за едно полувреме и обезбедија осминафинале на ЛШ

Ракометарите на Висла Плок успеаја да ја надополнат негативата од првиот меч и со гостинска победа од 20-27 против Силкеборг се изборија за пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите.

Полјаците првиот меч го загубија со 22-26, а во првиот дел од натпреварот во Данска имаа негатива и од -4, но на крајот со одлична игра во одбраната во вториот дел успеаја да слават голема победа. 

По 15-13 на полувремето за тимот на Бјерингбо Силкеборг, во продолжение ракометарите на Висла Плок примија само пет гола, во самиот финиш имаа и највисоки +8 (19-27), за да на крајот слават победа од 20-27. Најефикасен кај победничкиот тим беше Жига Млакар со шест гола, а кај домаќините се истакна Нодесбо со пет погодоци. 

Во мечот за пласман во четвртфиналето, Висла Плок ќе игра против тимот на Веспрем.