ВИДЕО: Херојската одбрана на Томовски која го спаси Лудвигсхафен од пораз

Мартин Томовски синоќа беше херој на својот тим и во последните секунди го одбрани ударот на противничкиот играч, со што натпреварот заврши со нерешени 27-27. 

Екипата на Бергишер имаше напад за победа, а нивниот среден бек дојде во чиста шанса од девет метри да ја донесе победата за својата екипа. Сепак, Томовски одбрани жива топка, па иако немаше време за напад, измами бура на емоции и радост кај публиката за ова реми. 

Нашиот голман на овој натпревар собра осум одбрани, од кои пет беа во самиот финиш, со што го спаси својот тим од пораз. Инаку, Лудвигсхафен по 11 одиграни натпревари се наоѓа во опасната зона со само три освоени бодови.