• Мартин Танасковски
Ракометната репрезенттација на Македонија падна во групата Б на Европското првенство (ЕП) во Шведска, Данска и Норвешка, а тоа значи дека нема да менува град во текот на целиот шампионат.
Македонија ќе игра со Данска, Португалија и Романија. Сите мечеви од групата Б се играат во Хернинг, а најдобрите две селекции одат во следната фаза, која исто така се игра во данскиот град Хернинг.
Македонија своите натпревари ќе ги игра на 16, 18 и 20 јануари во салата „Јуске Банк Боксен“. Се чека на ЕХФ да ги утврди паровите и саатниците, во зависност од домаќинот и од ТВ-правата.
Данска е апсолутен фаворит во нашата група, со Португалија имаме меѓусебни мечеви, но уштет немаме победа, додека Романците се наш стар познаник и селекција со која можеме да се носиме рамноправно.
Европското првенство во Норвешка, Данска и Шведска ќе се игра од 15 јануари до 1 февруари. Бранител на тронот е Франција која во последното финале ја совлада Данска, а третопласирана беше Шведска.