Хенинг ги загрижи фановите: Фуксе Берлин размислува за стечај

„Се подготвуваме и за црно сценарио“, изјави пред некој ден првиот оперативец на германскиот Фуксе Берлин, Боб Хенинг. Највлијателниот човек во германскиот ракомет честопати знае да изненади со своите изјави, но овојпат неговите зборови треба да бидат сфатени толку сериозно.

Клубот разработува сценарио според кои би банкротирал или не би аплицирал за лиценца во Бундеслигата поради пандемијата на коронавирусот.

„Разговаравме со двајца администратори на стечај за законски опции за такво нешто. Размислуваме и за плаќањето на играчи, но исто така и да не аплицираме за лиценца за играње во Бундеслигата“, рече Хенинг.

Доколку планираната сезона во Германија не започне со присуството на публиката на крајот на октомври, нема сомнеж вакво сценарио е можно.