• Иван Димовски

Ракометарите на Еурофарм Пелистер тренинг кампот го преселија во Златибор по краткиот престој во Битола. Еден од новајлиите во тимот на пелистерци е Ник Хенигман. Словенечкиот ракометар ги сподели првите импресии од клубот, градот и соиграчите, а зборуваше и за очекувањата.
„По една недела во Битола, вчера стигнавме на Златибор. Добро работиме и многу тренираме и продолжуваме со подготовките. Цел ни е уште подобро да се подготвиме, затоа што нè чекаат многу нови предизвици, нови натпревари. Верувам дека ќе го освоиме домашниот шампионат и Куп и што е можно подобро да одиграме во Лигата на шампионите. Уште еден месец, па ќе играме во Битола. Едвај чекам да играм пред нашите навивачи, пред луѓето кои секогаш нè поддржуваат, пред „Чкембарите“. Се гледаме наскоро“, изјави Хенигман.
Пелистерци ќе тренираат во Златибор десетина дена, потоа се враќаат во Битола и во втората половина од месецот ќе настапат на два турнири пред официјалните задолженија во септември.
