Хари Павлов со нов интернационален предизвик, се враќа во австрискиот ракомет

Младиот македонски ракометар Хари Павлов одново се сели во странство и тоа во добро позната средина. Десниот бек на Прилеп се враќа во австрискиот ракомет и во иднина ќе го носи дресот на тимот на Ферлах.

Младиот ракометар настапува на десната бековска позиција, има 19 години и се одликува со висина од 194 сантиметри. Македонецот со Ферлах потпиша договор на две години.

Пред да се пресели во Прилеп пред две години, Павлов беше дел од младинската школа на Фиверс од Австрија.