• Мартин Танасковски

Европската лига на ЕХФ донесе шок за словенечки Тримо Требње, затоа што на два часа пред стартот на натпреварот со Рајн Некар Левен клубот доби информација дека средбата со „лавовите“ нема да се игра.
Причина за тоа е што тестовите кои биле направени пред натпреварот дале еден позитивен резултат на вирусот корона. Словенците дојдоа во Манхајм, тренираа во „САП Арена“, арно ама нема да го дочекаат стартот.
Двете страни треба да се договорат за нов термин. Во групата на РНЛ и Тримо Требње и Еурофарм Пелистер, кој исто така нема да го игра натпреварот со Татабања во Битола затоа што во составот на унгарскиот тим има случаи на ковид-19.
Мечот требаше да стартува од 18:45 часот.