• Мартин Танасковски

Данскиот ракометар Микел Хансен заминува во пензија без титула во Лигата на шампионите. Алборг беше близу со Барселона, одигра рамноправно финале, но остана без првенец во елитата.
Хансен така оди надвор од терените како еден од ИХФ играчите на годината кои не го освоиле престижниот трофеј. Покрај Данецот, тоа не успеале да го направат и Ивано Балиќ, Гијом Жил, Кјун-Шин Јон, Даниел Штефан, Стефан Стоеклин, Магнус Висландер и Канг Јае-Вон.
Единствен активен играч кој е ИХФ играч на годината, а ја нема освоено Лигата на шампионите е Матиас Гидсел кој во моментов е член на Фуксе Берлин.
Микел Хансен во своите настапи на Ф4-турнирот во Лигата на шампионите има три сребрени и три бронзени медали.