Хансен: Среќата ги прати храбрите, следна цел ни е одбрана на титулата на ЛОИ

Микел Хансен неколку пати беше критикуван за своите не така убедливи и помалку лоши настапи на Светското првенство во Египет, но неверојатниот бек кога требаше најмногу го покажа својот квалитет и ја одведе својата Данска до одбрана на светската круна.

Во големото финале со Шведска, Данска и Хансен извојуваа тесна победа од 26-24, а одличниот бек беше прогласен за најкорисен играч на овој собир. По големиот успех тој вели дека можеби Данска имала среќа на овој собир, но среќата ги прати храбрите и титулата е повеќе од заслужена.

„Имаме одличен тим и одлична атмосфера во тимот. Верувавме дека можеме да го одбраниме тронот, токму тоа и позитивна енергија нè донесоа до големиот успех. Од четвртфиналето до финалето имавме пеколни натпревари и ривали. Добивме вистински трилери против Египет, Шпанија и Шведска. Секако, дека имавме и малку среќа, но среќата ги следи храбрите и оние кои веруваат дека можат да ја достигнат целта, а тоа бевме ние.

Сега сакаме да ја прославиме оваа победа, а веќе од утре ќе започнеме да размислуваме за настапите на Лeтните Олимписки Игри, каде секако дека посакуваме ново олимписко злато“, потенцираше Хансен.

Во големото финале Хансен запиша шест гола, додека во полуфиналето со Шпанија имаше неверојатен натпревар со 12 постигнати гола.