Хансен се плаши за своето тело и здравје, нема да игра на СП 2021!?

Микел Хансен, ракометарот кој беше МВП на Светското првенство (СП) во ракомет, би можел да не игра на претстојниот Мундијал кој следи во 2021 година.

30-годишниот бек на ПСЖ вели дека следните 12 месеци ќе бидат пеколни за него, како на клупски, така и на репрезентативен план, поради настапот на ЕП и на Олимписките игри. Може да не игра на следниот Мундијал, затоа што стравува за своето тело.

„Секогаш ми е приоритет да играм за националниот тим. Чест е да се претставува Данска. Но, исто ми е важно како се чувствувам физички и психички во репрезентацијата, по клупските обврски во ПСЖ. Чека долга сезона со ПСЖ. па следи ЕП и Олимписки игри“, изјави Хансен.

Ракометните ѕвезди пред извесен период се пожалија на густиот распоред и побараа од ЕХФ и ИХФ да ги ревидираат настаните и да се грижат за здравјето на ракометарите.