Хансен „раситна“ 900 гола во ЛШ, Лазаров неприкосновен на врвот

Микел Хансен ја надмина границата од 900 гола во Лигата на шампионите, на денешното гостување кај Флензбург.

Данскиот репрезентативец го отвори резултатот и продолжи да ја брка водечката четворка. 

На врвот неприкосновен е Кирил Лазаров со над 1.300 погодоци, па следуваат Никола Карабатиќ (1,085), Момир Илиќ (969) и Тимур Дибиров (942).

33-годишникот пред себе има уште неколку квалитетни сезони, па сигурно дека ќе ја достигне и „илјадарката“. Прашање на време е кога ќе се искачи меѓу најдобрите стрелци во историјата на елитното натпреварување.

Хансен беше во центарот на вниманието во изминатите недели. Тој одлучи да направи трансфер во Алборг, каде ќе продолжи да тресе мрежи од 2022 година.