Хансен: Крваво се боревме, испишавме најдобра ракометна приказна

Данската ракометна ѕвезда Микел Хансен зад себе остава Светско првенство (СП) за незаборав. Светска титула, МВП на турнирот и најдобар стрелец, се само дел од досгитнувањата кои одат зад името на одличниот шутер.

По крајот на турнирот и освоеното злато, Хансен истакна дека си го остварил сонот и дека оваа генерација на Данска испишала најубава ракометна приказна, со крвава борба.

„Оваа ракометна приказна не можеше да се напише поубаво. Освојувањето на светска титула е нешто за кое сонуваш како дете. Плус, ја освоивме титулата дома. Многу пати бевме блиску, но не ни успеало како сега. Крваво се боревме. Во текот на целиот турнир имавме психичка и тактичка предност пред сите противници и во одбраната и во нападот“, изајви Хансен.

Бекот го заврши турнирот со 72 постигнати гола и е убедливо прво име меѓу стрелците.