• Иван Димовски
Простување на големата сцена од ракоментиот свет имаше Микел Хансен. Данската легенда не успеа да дојде до трофејот кој му недостига во финалето на Лигата на шампионите, бидејќи неговиот Алборг загуби од Барселона (30-31).
Самиот Хансен имаше блескава партија, а по истекот на времето и шут преку блокот за продолженија. Сепак, Данецот не успеа во својата намера и ја заврши клупската кариера без најпрестижниот трофеј.
„Ракометот ми подари неверојатни искуства и големи пријателства. Се чувствувам привилегиран, но одлучив дека е време да кажам доста. Имав голема шанса да ја освојам Лигата на шампионите со данска екипа, но за малку не успеав.
Ќе продолжам да го ловам тој сон во друга улога. Тоа е сонот откако почнав да играм ракомет, во градината со моите сестри“, изјави Хансен по последниот клупски натпревар.
Последните натпревари во кариерата на интернационално ниво Микел Хансен ќе ги одигра на Олимписките игри со Данска.