ФОТО: Хансен еуфорија во Битола – мега-ѕвездата обиколена од стотиците фанови

Битола како никогаш досега низ минатото, оваа сезона беше домаќин на најголемите ракометни имиња во светот. Браќата Карабатиќ, Пранди, Паличка, Душебаев, Дувњак, Ландин, Волф... се само дел од ѕвездите кои што настапија на сцената во „Боро Чурлевски“, а последниот во низата беше еден од најголемите на сите времиња Микел Хансен.

Човекот кој што ја „расплака“ Македонија пред дванаесет години на Европското првенство во Србија, во средата со својот Алборг гостуваше кај Еурофарм Пелистер, а очекувано токму тој беше магнет за битолчани. Стотици фанови го чекаа по завршувањето на натпреварот, а Данецот покажа респект кон сите и се фотографираше со нив.

Алборг и Хансен победнички ја напуштија Битола, затоа што извојуваа сигурна победа над Еурофарм Пелистер и се зацврстија на втората позиција на табелата во групата А.