• Сашо Поповски
Микел Хансен го раздрма ракометниот свет со одлуката да се пресели во Алборг. Тој ќе добие идентична плата како во ПСЖ, што ќе одземе голем дел од буџетот на клубот.
Меѓутоа како што пишуваат скандинавските медиуми, тоа целосно ќе му се исплати на актуелниот дански шампион. Салата „Гигантиум“ наскоро ќе добие нов трибински простор, со цел да се зголеми капацитетот.
Причината за овој потег е големиот интерес за домашните натпревари на Алборг. Засега се продадени сите влезници за сезоната 2021/22, кога Хансен се очекува да заигра во домашното првенство.
Многу компании го контактирале клубот, во врска со спонзорски договори. Сите знаат дека вниманието ќе биде големо, па се обидуваат да го искористат доаѓањето на еден од најдобрите ракометари на денешницата.
Алборг се надева дека покрај финансиите, клубот со Хансен ќе биде конкурентен и на терен и ќе се надигрува со најдобрите во Лигата на шампионите.