Хансен е МВП, европска доминација во „ол-стар“ тимот на СП

По крајот на ракометното Светско првенство (СП) во Египет, прогласени се најдобрите кои беа дел од претстојниот Мундијал кој траеше половина месец.

Данскиот бек Микел Хансен е прогласен за МВП на турнирот. Шутерот ја водеше скандинавската селекција до титулата и заслужено е на пијадесталот, по којзнае кој пат во својата кариера.

Во „ол-стар“ тимот има европска доминација. Го формираат ракометари од Шведска, Данска, Шпанија и Франција. Голман е Андреас Паличка (Шведска), лево крило е Хампус Ване (Шведска), лев бек Микел Хансен (Данска), среден бек Џим Готфридсон (Шведска), десен бек Матијас Гидсел (Данска), десно крило Феран Соле (Шпанија) и пивот Лудовик Фабрегас (Франција).

Данска со титулата во Каиро втора година по ред е на светскиот ракометен трон.