Хансен доби место меѓу најдобрите пет, но сè уште е далеку од Лазаров

Данската ракометна ѕвезда, Микел Хансен ја продолабочува својата легенда во ракометната игра, затоа што реализира уште еден голем подвиг во својата богата кариера.

Бекот на ПСЖ се избори за место меѓу најдобрите пет стрелци во Лигата на шампионите. Моментално зад своето име има 906 постигнати гола, со кои ја зазеде петтата позиција во вечната листа на стрелци во елитното натпреварување. 

Прв на оваа листа сè уште е нашата легенда Кирил Лазаров со убедливи 1467 гола, втор е Никола Карабатиќ со 1.003 и двајцата заедно со македонскиот капитен и селектор се единствените во друштвото „1.000“.

Во ТОП 5 се и Момир Илиќ со 969 голови и Тимур Дибиров со 943 погодоци.