• Саше Љолес

Ракометарите на Флензбург се пласираа на завршниот турнир во Европската лига, откако славеа на возвратниот дуел кај Хановер со убедливи 35-43.
Имаа гостите водство од само два гола на паузата (20-22), но потоа продолжија со ефикасната игра и комплетно го надиграа домаќинот.
Најголемата предност Флензбург ја создаде во самиот финиш на натпреварот (+8), по што беше јасно дека Хановер полека ги губи силите во овој двомеч. Гостите сосема заслужено стигнаа до победата со која први обезбедија учество на фајнал-фор турнирот во второто најквалитетно натпреварување на ЕХФ.
Најдобар поединец во победничкиот тим беше Ласе Молер со 10 голови, а еден помалку постигна Емил Јакобсен. Во тимот на Хановер, десет погодоци имаше Лиф Тисиер.





