• Редакција Gol.mk
Култниот шпански тренер Хуан Карлос Пастор ќе седне на клупата на германскиот прволигаш Хановер. Бундеслигашот ќе се збогува со Кристијан Прокоп, поранешниот селектор на германската репрезентација, на крајот од сезоната, и ќе го пречекува искусниот Шпанец, освојувач на златен медал со репрезентацијата на својата земја на Светското првенство во Тунис во 2005 година и поранешен тренер на Ваљадолид и ПИК Сегед (2013-2023).
Неговиот последен ангажман беше како селектор на египетската репрезентација. Договорот на Хановер и Пастор е потпишан за две сезони, до јуни 2028 година.
„Од моментот кога се појави можноста да дојдам во Хановер, имав чувство дека тоа е вистинското место да ја продолжам кариерата. Немаше сомнеж, бидејќи сум убеден во стабилниот спортски проект на клубот, неговата сигурност и неговата јасна желба за понатамошен раст. Гледам тим со голем потенцијал, посветени играчи и навивачка база која го живее ракометот со посебна страст. Многу сум благодарен за довербата што ја покажа раководството на клубот во мене и се надевам дека ќе ја оправдам во наредниот период“, рече Пастор.
Хановер веќе имаше искуство со шпански тренери, бидејќи од 2017 до 2021 година, Антонио Карлос Ортега ја водеше екипата.
