• Зоран Мишевски
Нов тренер на германскиот ракометен прволугаш Хановер е Хуан Карлос Пастор. Шпанскиот стручњак веднаш ќе го замени Кристијан Прокоп на чело на бундеслигашот, а не следното лето како што првично беше планирано.
„Хановер-Бургдорф и тренерот Кристијан Прокоп се разделија со непосреден ефект. По сеопфатна спортска анализа, главниот тренер е разрешен од должноста. Одлуката е резултат на детална проценка на спортскиот развој на тимот и има за цел да го отвори патот за структуриран нов почето
Врз основа на ситуацијата и впечатоците на почетокот на годината, дојдовме до заклучок дека одржувањето на ова решение не може да донесе добар исход“, објасни спортскиот директор Свен-Герен Кристоферсен.
Кристијан Прокоп седеше на клупата на Хановер од 2021 година. Во тој период, тимот од Долна Саксонија заврши во горниот дел на табелата три последователни сезони и двапати се квалификува за групната фаза на Европската лига на ЕХФ.
