ВИДЕО: Хановер го докрајчи Еурофарм со цепелин и прекрасен лоб

Хановер акција

Ракометарите на Еурофарм Работник го запишаа четвртиот пораз во групната фаза од ЕХФ Купот.

Во Битола со бодовите си замина германски Хановер, кој ја оправда фаворитската улога и ја растажи публиката во салата „Боро Чурлевски“.

Како јаготка на шлагот на десет минути до крајот, Германците ја одиграа најубавата акција на натпреварот. 

Нејц Цехте се ослободи од својот чувар и асистираше до залетаниот Торге Јохансен, кој со одмерен лоб удар го надмудри Градимир Чаневски, голманот на домашната екипа.

  • Погледнете го моментот:

Објективната битолска публика со аплаузи го награди овој спектакуларен потег. 

ЕХФ Куп, Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ТатабањаТатабања 6 4 1 1 172:154 18 9
2 ХановерХановер 1 6 3 1 2 162:144 18 7
3 Нексе НашицеНексе Нашице 1 6 3 0 3 156:160 -4 6
4 Еурофарм РаботникЕурофарм Работник 6 1 0 5 133:165 -32 2

Најнови вести од
EХФ Куп (М)