Хановер експресно ја пронајде замената за новиот вардарец Атман 

Иван Мартиновиќ имаше фантастична дебитантска сезона во Бундеслигата, иако неговиот тим Гумербах испадна од германската елита. 

Младинскиот хрватски репрезентативец беше одлично шутерски расположен на германскиот паркет, а неговите одлични партии беа заприметени од неколку бундеслигаши кои тргнаа по неговиот потпис. 

На крај како победник испадна Хановер, кој успеа да ја засили  позицилевата бековскаја со 21-годишниот ракометар од Хрватска. 

Мартиновиќ во тимот предводен од шпанскиот стратег Антонио Карлос Ортега доаѓа како еден вид на замена на искусниот Павел Атман, кој се реши да го раскине договорот и да стане нов член на европскиот шампион Вардар. 

>>> ПОВРЗАНО - Атман: Вардар е мој нов клуб, се надевам ќе се вратам „во живот“!