Густафсон: Гледавме безброј видеа од Македонија, подготвени сме на сè!

Gol.mk на Светско првенство во ракомет 2019

Пред две години во Мец, Македонија и Исланд ремизираа и со тој резултат двете селекции минаа во елиминационата фаза. Но, тогаш од групите продолжуваа најдобрите четири, а сега само трите првопласирани. Извесно е дека меѓусебниот дуел утре ќе одлучи, а вечерва ќе се знае кому ќе му одговара нерешен резултат.

Пред две години феноменалниот во меѓусебниот дуел, голманот Густафсон, пред утрешниот натпревар со Лазаров и соиграчите ни рече:

„Јапонија ни создаде многу проблеми, сега имаме малку време и треба да се подготвиме за Македонија. Многу добро се познаваме, играме често и спремни сме на сите комбинации. Ќе играме против одличен тим, веројатно еден од најдобрите тренери во светот и нема тајни меѓу двете селекции. Спремни сме, гледавме многу видео снимки, како напаѓа Македонија, како игра ракометар од светска класа како Лазаров. Верувајте, спремни сме на сè“.

Исланд и Македонија се две селекции кои најчесто играа меѓу себе од минхенската група, а подобар меѓусебен скор имаат „рибарите“.  

СП, Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ХрватскаХрватска 5 5 0 0 152:115 37 10
2 ШпанијаШпанија 5 4 0 1 142:114 28 8
3 ИсландИсланд 5 3 0 2 137:124 13 6
4 МакедонијаМакедонија 5 2 0 3 131:139 -8 4
5 БахреинБахреин 1 5 1 0 4 107:151 -44 2
6 ЈапонијаЈапонија 1 5 0 0 5 121:147 -26 0