Гурбиндо: Во Вардар едно ми ветуваа, а начекав сосема друго 

Едуардо Гурбиндо со само два официјални натпревари за Вардар, го напушти Скопје и својата кариера ќе ја продолжи Романија, каде ќе ги брани боите на Динамо Букурешт.

Искусниот шпански десен бек по само еден месец се раздели со „црвено-црното“ семејство, а пред да стави потпис со романскиот шампион изјави дека во Вардар едно му ветувале пред да потпише, а вистинската ситуација кога пристигнал била сосема различна.

 „Сè уште не е 100% официјално, бидејќи е неопходно да се потпишат некои документи за раскин, но сè е веќе дискутирано и договорено да одам во Букурешт.

Проектот што ми го претставија пред да потпишам во Скопје, не беше оној на кој што нијдов кога пристигнав“, рече Шпанецот по една и пол недела преговори меѓу трите страни.

Искусниот десен бек беше најавен како големо и најзвучно засилување на Вардар во паузата меѓу двете сезони, а негова замена во Вардар ќе биде францускиот интернационалец Њокас.