Гурбиндо: Елена не е клучната причина за договорот со Вардар, Нант ме разочара...

Гурбиндо девојка

Едуардо Гурбиндо од наредната сезона ќе го облече дресот на Вардар 1961. По пет години во Нант, искусниот десен бек одлучи да ја промени средината и се обврза на тригодишен договор со македонскиот гигант.

Неговата сопруга Елена е од Македонија, но Шпанецот вели дека тоа не беше одлучувачки фактор за одлуката да им се приклучи на вардарци.

„Да, така е. Вистината е дека има луѓе кои велат дека ќе играм Вардар затоа што таа е од Македонија и сакаше да си оди дома. Јас и Елена разговаравме за тоа и ќе останевме во Нант, ако понудата за обновување беше фер. Ми понудија само едногодишно продолжување, а доколку клубот сметаше дека има смисла, на крајот од сезоната ќе добиев нов договор од една година. И намалувањето на платата беше многу важен фактор. Но, тоа не беше само економско прашање. Потешко беше што не веруваа во мене. Тие ми понудија една година поради проблемите со коленото и тоа беше малку навредувачко за мене.

Вардар ме контактираше и ми понуди тригодишен договор. Се работи за интересен проект, економскиот дел е прифатлив и ако на сето тоа додадеме дека таа е од таму и дека можеме да уживаме во нејзиното семејство, тоа е понуда со целосен пакет. Отидов лице в лице и му реков на претседателот на Нант дека имам понуда од Вардар и дека сопругата е од таму. Ако ми понудеше нешто интересно, јас ќе останав затоа што сакав да продолжам. Но, моето потпишување за Вардар нема никаква врска со некои коментари кои ги слушам во јавноста“, вели шпанскиот ракометар.

Гурбиндо еднаш се искачи на тронот на Европа со Барса, додека со репрезентацијата на Шпанија има европско злато од 2018 година во Хрватска. 

Авантурата во Франција ќе ја заврши со нов завршен турнир во Келн. Заедно со Кирил Лазаров ќе се обиде да ја донесе толку посакуваната европска титула во Нант.