„Гурбиндо има романски број, за нас е минато, ама ќе видиме – кој добива, а кој губи!“

Шпанскиот интернационалец Едуардо Гурбиндо кратко се задржа во Скопје. Бекот ја доби посакуваната можност да се пресели во романски Динамо Букурешт, а разделбата ја потврди тренерот Веселин Вујовиќ.

Кратко траеше љубовта меѓу Вардар и Гурбиндо. Шпанецот кој беше донесен како најзвучно засилување го напушти Скопје, без ниту еден одигран натпревар во Лигата на шампионите и без ниту еден сериозен предизвик.

„Гурбиндо веќе има романски телефонски број, него ќе морате да го прашате за ситуацијата. За нас целата ситуација беше изненадување, ние го прифативме одлично, но тој реши да замине. Му посакуваме среќа, а на крајот ќе видиме кој загуби, а кој доби со ова. Без секого се може, кога се мора“, изјави Вујовиќ.

Едуардо Гурбиндо пристигна во Вардар 1961 од редовите на француски Нант, но одигра само неколку пријателски натпревари.