Гугулјанова: Горда сум на мојата екипа што го пребродиме лошиот период и освоивме нов трофеј!

Екипата на Ѓорче Петров е старо-нов освојувач на Купот на Македонија во ракомет, откако во финалната пресметка со градскиот ривал Спартак извојува минимална победа од 33-30.

Ракометарката на Ѓорче Петров, Марија Гугулјанова, по освоениот трофеј истакна дека е среќна и горда на својата екипа што успеа да излезе од кризата и на крај да се радува на уште еден Куп-трофеј.

„Прво сакам да им честитам на ракометарките на Спартак за историскиот пласман. Отворивме лошо, не одиграме на ниво, можевме многу подобро, особено во одбраната, а исто така потфрливме и во нападот.  Но, среќна сум и горда на мојата екипа што успеавме да го пребродиме тоа и на крај да се радуваме на овој трофеј“, рече ракометарката на Ѓорче Петров. 

Ѓорче Петров во полуфиналето славеше над Пелистер, додека Спартак приреди изненадување против екипата на Чаир.