• Горан Упале
Екипата на Еурофарм Пелистер ја забележа првата победа во новата сезона во Лигата на шампионите, и тоа на гости кај данскиот вицешампион. Тренерот на Фредериција Гудмундур Гудмундсон не го криеше незадоволството од поразот од 23-25 и истакна дека во иднина неговите момци мораат да бидат подобри и подисциплирани доколку сакаат резултат во европската елита.
„Навистина сум разочаран од нашиот настап денес. Не го покажавме нивото на интензитет и фокусираност потребни за овој натпревар. Пелистер одигра солиден натпревар, но ние им олеснивме во клучните моменти. Мора да бидеме подобри и подисциплинирани ако сакаме да се натпреваруваме на ова ниво“, рече тренерот на данскиот вицешампион.
Двете екипи ќе се судрат и во следното коло, кое е закажано за по три седмици.