Грузискиот супер-талент Иракли Кбилашвили нов ракометар на Металург

Екипата на Металург се засили со супер-талент од Грузија, Иракли Кбилашвили. 21-годишниот ракометар се смета за еден од најперспективните млади играчи на Грузија и тој остави одличен впечаток на „IHF Emerging Nations“ турнирот, што пред неколку дена заврши во Грузија. 

На тоа првенство на земји во ракометен развој, Грузија го освои првото место, а Кбилашвили постигна 15 гола од само 22 обиди.

За потписот на Кбилашвили беа заинтересирани повеќе клубови, но тој во иднина ќе го носи дресот на Металург. Кбилашвили е втор Грузиец во редовите на Металург, по Реваз Чантурија, кој претходно потпиша за Металург.

Младиот Кбилашвили игра на позиција среден бек и ќе ја дели минутажата со Лука Стојановиќ. Иракли Кбилашвили е шестото засилување на Металург за новата сезона, по Милан Поповиќ, Лука Вујовиќ, Раваз Чантурија, Маријан Мариќ и Даниел Ѓоргески.