Грузија со македонски селектор и со „македонски“ играчи освои турнир во Италија

Репрезентацијата на Грузија го освои турнирот што го организира во Тбилиси, откако славеше во два од три натпревари против селекциите на Финска, Италија и Грузија Б. Предводена од македонски селектор, Андон Бошковски и од Реваз Чантурија и Рати Мсквилидзе, Грузија иако загуби од својата Б селекција, на крајот беше прва.

Во првиот дуел, избраниците на Бошковски, за кои не играше Темо Орјонокидзе, славеа во пресметката со Италија. Чантурија даде три голови, додека Мсквилидзе немаше погодоци. Во второто коло, Грузија загуби од Грузија Б со 24-26.

Во третото коло, Грузијците беа поуспешни од Финска со 21-19, а на овој меч Мсквилидзе стрелаше два пати, додека Чантурија немаше голови. Поради победата над Италија завршија на првото место и го освоија турнирот во нивна организација.

Грузија беше елиминирана во претквалификациите за Европското првенство во 2020 година и ќе чека нова шанса за пласман на некое големо натпреварување.