Грузиецот Цителишвили ги напушти редовите на Охрид

По серијата продолжување на договорите со најдобрите ракометари, раководството на ракометниот клуб Охрид остана без еден странец, откако не потпиша нов договор со грузискиот репрезентативец Лексо Цителишвили.

Искусниот лев бек во редовите на Охрид пристигна минатото лето и потпиша едногодишен договор, но истиот нема да биде продолжен. 

Во сезоната која што не заврши поради корона-кризата, Цителишвили ги делеше минутите со нашиот Мартин Манасков, што значи дека Охрид останува со само еден лев бек и ќе ова лето ќе мора да доведе ново име на оваа позиција. 

Цителишвили е вториот ракометар кој го напушти Охрид ова лето, по Кристијан Атанасовски, кој се пресели во Франција. 

Нови договори потпишаа Манасков, Даниловски, Тасески, Андоновски и Соколов.