Групите се влечат во Минхен: Еве против кого може Македонија на СП 2027!

Ракометната репрезентација на Македонија убедливо го доби двомечот со Словачка (38-23) и ќе игра на десетто Светско првенство, осмо во низа. Нашата репрезентација во голем стил победи со огромна разлика против аутсајдерот и си обезбеди мундијалска виза. 

На извлекувањето за групите за Мундијалот, Македонија ќе биде дел од вториот шешир. Сигурно е дека нема да може да играме против Франција, Словенија, Норвешка, Србија, Шпанија, Италија и Фарските Острови.

  • Шешири за ждрепката за Светското првенство:

Прв шешир: 
Данска, Германија, Хрватска, Исланд, Португалија, Шведска, Египет, Аргентина

Втор шешир: 
Франција, Словенија, Норвешка, Србија, Шпанија, Италија, Фарски Острови, Македонија

Трет шешир: 
Грција, Полска, Бразил, Бахреин, Тунис, Зеленортски острови, Чиле, САД

Четврти шешир: 
Катар, Кувајт, Јапонија, Алжир, Ангола, Уругвај, Вајлд карта 1, Вајлд Карта 2

Ждрепката за групната фаза на Светското првенство е закажана за 10 јуни во Минхен.