„Групата за мерак“ за Македонија донесе најлош пласман во историјата на ЕП!

Македонската репрезентација разочарувачки го заврши Европското првенство во Австрија, Норвешка и Шведска.

Поразот од домашната репрезентација на Австрија за нас значеше елиминација уште во групната фаза. Тоа носи најлош пласман во нашата историја на континенталните собири, со оглед на тоа што ќе се најдеме надвор од најдобрите 12 на стариот континент.

<<< ПОВРЗАНО - Штета – заврши сонот на ракометната легенда Лазаров за ЛОИ

Во 1998 година на нашето деби, го освоивме 12-то место, со ниту една победа, едно реми и дури пет порази. Потоа чекавме дури 14 години за да се вратиме во елитата, па изборивме настап на турнирот во Србија. Таму го остваривме и најдобриот пласман, искачувајќи се на петтата позиција.

<<< ПОВРЗАНО - Брестовац: Дали со мене или без мене, има многу работа пред сите нас

На наредното првенство во Данска завршивме на 10-то место, две години подоцна во Полска бевме 11-ти, успех кој беше повторен во 2018 година во Хрватска. Ако се земе предвид дека групата оваа година не беше толку атрактивна, може да се рече дека ова е големо разочарување и вистински дебакл на македонските ракометари.

<<< ПОВРЗАНО - Лазаров: Богатство е да се има вакви навивачи, заслужуваме критика и остануваме должни!

Промената на генерации си го направи своето, капитенот Кирил Лазаров не можеше сам да ја води репрезентацијата кон ново солидно издание пред европската публика, а селекторот Данило Брствоац немаше одговор на брзиот и модерен ракомет кој го играат големите европски селекции.

<<< ПОВРЗАНО - Борко: Далеку сме од онаа храбра репрезентација што бевме!

Пропуштивме и можност да обезбедиме квалификации за Летните олимписки игри. Ова е тажен крај и за Лазаров, кој во својата богата кариера нема да има можност да настапи на овој голем турнир.

<<< ПОВРЗАНО - Македонските „лавови“ во решавачкиот момент станаа „мачиња“