ГРУПА Д: Гудме и Чеховски со најголеми шанси за втора фаза, Висла и Шафхаузен чекаат од сенка! 

Со меч од рамки на групата Ц во која се натпреварува и македонскиот вицешампион Еурофарм Работник синоќа и официјално стартуваше новата сезона на Лигата на шампионите, а воедно и последна во овој формат. 

Во Финска, тимот на Савехоф го совлада домашниот тим на Кокс и ги потврди најавите дека ќе биде еден од главните фаворити за првото место во оваа група. Вечерва, премиерен натпревар ќе има и втората „послаба“ група, Д. 

Швајцарски Кадетен Шафхаузен и Динамо Букурешт ќе атакуваат на првите овосезонски бодови во Лигата на шампионите. Според предвидувањата романскиот тим ја доби аутсајдерската улога и има најмали шанси за елиминациона фаза од ова група, додека швајцарскиот тим од позадина ќе чека на киксеви на фавиритете ГОГ Гудме, Чеховски Медведи и Висла Плок

Во рамки од оваа група место имаше и за тимот на Кристијанштад, кој лани беше сместен во А групата и забележа дури 11 порази од 14 натпревари. Во првото коло шведскиот вицешампион ќе се сретне со Гудме, а дербито на колото се игра во Русија, меѓу Чеховски Медведи и Висла Плок.