Група А: Германија и со втор тим е премоќна за дебитантите, но дали ќе може и со Унгарија?

Ждрепката за 27. Светско ракометно првенство посака во групата А да се натпреваруваат две дебитантски репрезентации на големите собири, а пред себе ќе имаат предизвик да се натпреваруваат со редовните учесници, односно трикратниот освојувач Германија и поранешниот финалист Унгарија.

Уругвај и Зеленорските острови за првпат во својата историја ќе ја вкусат убавината од ракометниот крем на планетата, а со оглед на форматот со кој се игра овој шампионат, една селекција дури ќе обезбеди и пласман во втората фаза, што значи дека ќе одигра најмалку шест натпревари со најдобрите селекции на собирот. 

Патот до Свртското првенство двата дебитанта го обезбедија преку континенталните собири, Уругвај ја зазеде третата позиција на Јужно-централниот американскиот шампионат, додека Зеленорските острови заврши на петото место на последното Африканско првенство. Двете селекции се непознати за ракометната јавност, како и за европските противници, а својот меѓусебен натпревар кој најверојатно ќе го даде патникот во втората фаза го играат во рамки од третото коло, на 19 јануари. 

За разлика од нив, европските селекции имаа голема историјата на планетарните шампионати. Германија досега собра 25 учества и трипати се радувала на златниот медал. Првиот го грабна во далечната 1938, па во 1978, а последен пат била шампион на светот во 2007 година. Германија како и повеќето селекции, на овој собир допатува со бројни проблеми и откажувања. Така, во составот на „панцерите“ нема да бидат ракометари како Цемпер, Пекелер, Колбахер, Пекелер, Вајнхолд, Винчек, Вајнхолд, Виде, Фин Лемке, Дисингер..., што значи водечка сила на на овој собир ќе бидат Волф, Генсхајмер, Кастенинг... И покрај бројните откажувања, бундес-тимот е фаворит во оваа група, а своето деби на овој собир ќе го има вечерва против Уругвај (18:00).

Унгарија, пак, исто така зад себе има богато искуство со настапи на Мундијалите, а за разлика од Германија, за Египет отпатува ослабена само со неучеството на Патрик Лигетвари, но тука се фантастичните Лекаи, Банхиди... Во првото коло Унгарците ќе се судрат со Зеленорските острови, а клучниот дуел против Германија, кој најверојатно ќе го даде лидерот во групата, се игра во третото коло.