• Горан Упале

Ново ракометно возбудување е пред нас. Во Хрватска, Данска и Норвешка ќе се одржи 29. Светско ракометно првенство на кое одново учество обезбеди нашата најдобра селекција. Планетарниот собир ќе се одигра во пет града, од кои три се во Хрватска: Вараждин, Загреб и Пореч, Хернинг во Данска и Осло во Норвешка. Домаќин на натпреварите за медалите ќе биде „Унити Арена“ во Осло.
Бранител на титулата е селекцијата на Данска, која на овој собир ќе атакува на четвртатата последователна светска титула, но за првпат без големата ѕвезда Микел Хансен, кој замина во пензија.
На Светското првенство ќе учествуваат 32 селекции поделени во осум групи од прелиминарната рунда. Првите три селекции од секоја група ќе се пласираат во главната рунда, додека осумте елиминирани селекции ќе настапат во „Президент Купот“.
Група А: Чешка, Германија, Швајцарија, Полска
- ЧЕШКА
По 10 годишна пауза, ракометната селекција на Чешка се враќа на големата сцена и ќе настапи на претстојниот Мундијал во Хрватска, Данска и Норвешка. На тој начин Чесите ја прекинаа една од најдолгите паузи на европска селекција помеѓу два планетарни собири. Чешка обезбеди настап на СП во Египет пред четири години, но поради проблемите со ковид-19 беше приморана да го откаже настапот и на нејзино место влезе Македонија. На својот последен настап на големите собири заврши на 15. место, но сега амбициите на селекцијата предводена од шпанскиот стратег Чави Сабате се многу повисоки, а тоа го потврдија со победата во баражот над Романија од вкупни 59-51.
Клучни играчи: Томаш Мрква (голман), Јакуб Хрстка (лево крило), Станислав Каспарек (десен бек)
Квалификации: Бараж, вкупна победа над Романија од 59-51
Историја на СП: 1995 (8), 1997 (11), 2001 (18), 2005 (10), 2007 (12), 2015 (17)
- ГЕРМАНИЈА:
Како трикратен светски шампион, Германија и на овој собир се смета за еден од кандидатите за највисок пласман на Светското првенство, но посакуваниот трофеј го чекаат цели 18 години, поточно од шампионатот во 2007 година кога во финалето совладана тогаш моќната Полска.
Досега, европската селекција пропушти само две изданија на СП, во 1990 и 1997 година, постигнувајќи 4803 гола на 185 одиграни натпревари. Неодамна, Германцијата завршија на четвртото место, на собирот во Данска и Германија во 2019 година, додека две години подоцна во Египет тотално разочараа и завршија на 12. место. Германија има позитивен меѓусебен биланс со сите селекции од групата А, вклучително и убедливите победи во 2024 година против Швајцарија, 27-14 на ЕП и 35-26 во квалификациите за ЕП 2026. Сè освен три победи во оваа група најверојатно ќе ги уништи надежите на Германија за евентуален медал на овој шампионат.
Клучни играчи: Јури Кнор (лев бек), Андреас Волф (голман), Јоханес Гола (пивот)
Квалификации: ЕХФ ЕУРО 2024: четврто место
Историја на СП: 1938 – шампион, 1954: сребрен медал, 1958: бронзен медал, 1961 (4), 1964 (4)., 1967 (6), 1970 (5), 1974 (9), 1976 (2), 1978 шампион, 1982 (7), 1986 (7), 1993 (6), 1995 (4), 1995 (5), 1999 (5), 2001 (8), 2003 сребрен медал, 2005 (9), 2007: шампион, 2009 (5) 2011 (11), 2013 (5), 2015 (7), 2017 (9)., 2019 (4)., 2021 (12, 2023 (5).
- ШВАЈЦАРИЈА
Швајцарија по дванаесетти пат во историјата ќе настапи на едно Светското првенство, вторпат во последните три изданија и само трет пат во последните дваесет години. Пред четири години, во Египет, Швајцарија се врати по 16-годишното чекање, како замена за Соединетите Американски Држави. На тој собир Швајцарците завршија на 16. место, со три победи и три порази.
Минатата година, по поразот од Македонија на ЕП, Андре Шмид стави крај на играчката кариера и започна тренерска и го презеде кормилото на Швајцарија. Шмид се смета за најдобриот швајцарски играч во историјата и најдобар стрелец на сите времиња, се пензионираше откако постигна 1094 гола, еден повеќе од претходниот рекордер Марк Баумгартнер. Шмид е уверен дека неговата селекција може да го преземе предизвикот против Полска и Чешка, а победата против една од овие две селекции е клучна за обезбедување на пласман во следната фаза, ако се земе предвид дека моментално Германија е недостижна.
Клучни играчи: Никола Портнер (голман), Мануел Зендер (лев бек), Лукас Мајстер (пивот)
Квалификации: Вајлд-карта
Историја на СП: 1954 (4), 1961 (10), 1964 (12), 1967 (14), 1970 (15), 1982 (12), 1986 (11), 1990 (13), 1993 (4), 1995 (7), 2021 (16).
- ПОЛСКА
Германија 2007, Хрватска 2009 и Катар 2015 беа врвот за полскиот ракомет на Светските ракометни првенства, кога обезбеди три од четирите медали во својата историја – сребрен во 2007 година и два бронзени медали во 2009 година и 2015 година.
Оттогаш, Полска се движи во надолна линија, завршувајќи во топ-10 и во 2011 и 2013 година, а во Франција 2017, Египет 2021 и Полска/Шведска 2023 година целосно потфрли и заврши на 17, 13 и 15 место. Падот на полскиот ракомет продолжи и во 2024 година, кога со само една победа и два порази не успеа да ја мине првата група на европскиот шампионат. Затоа, овој шампионат е голем тест за Полска, особено затоа ќе има за цел да се врати меѓу најдобрите репрезентации во светот. Подвиг што е многу тешко остварлив.
Клучни играчи: Аркадиуш Морито (десно крило), Камил Сипжак (пивот), Михал Олејничак (среден бек)
Квалификации: Бараж, вкупна победа над Словачка 61-54.
Историја на СП: 1958 (5), 1967 (12), 1970 (14), 1978 (6), 1982 бронзен медал, 1986 (14), 1990 (11), 2003 (10) 2007 сребрен медал, 2009: бронзен медал, 2011 (8), 2013 (9), 2015 бронзен медал, 2017: (17), 2021 (13), 2023 (15).
Низ историјата само европски репрезентации биле победници на Светските првенства, а Катар е единствената репрезентација надвор од Европа што стигнала до финалето. Тоа го направи во 2015 година.