Грујовска, Шарановиќ и Трајковиќ се ѕвездите на Ф4-турнирот во Купот

По крајот на финалето меѓу ЖРК Куманово и ЖРК Вардар кое им припадна на организаторите на Ф4-турнирот (24-22), беа прогласени и најдобрите во овогодинешната Куп-завршница.

За најдобар голман на Ф4-турнирот е прогласена Симона Грујовска од ЖРК Вардар, која блескаше и на двата меча и заслужено го понесе ова признание. Најдобар стрелец е Ана Шарановиќ од ЖРК Куманово, а од таборот на домашните доаѓа и МВП ракометарката, а тоа е Мила Трајковиќ.

ЖРК Куманово го освои првиот турнир во својата историја, со триумфот во супер-драматичното Куп-финале против ЖРК Вардар кој беше бранител на тронот.