Грујовска: Не би била МВП без помошта на мојот тренер Царчев

Симона Грујовска имаше одличен настап на Ф4-турнирот во Купот на Македонија, но не успеа да му помогне на ЖРК Вардар да дојде до титулата. Актуелниот првак загуби во драматично финале со ЖРК Куманово (24-22), а како утеха за младата голманка доаѓа признанието за најдобар голман.

„Мило ми е што сум најдобар голман на турнирот, во ова не би успеала без мојот тренер Царчев. но жалам затоа што загубивме затоа што имавме реални шанси да изненадиме. Како млад тим, покажавме дека сме мотивирани, но ни фалеше искуство во завршницата за да можеме да го освоиме Купот. Настапот на Ф4-турнирот е успешен, затоа што ние сме млада екипа, а финале во Купот не е млада работа. Се надевам дека в година ние ќе бидеме тие што ќе се радуваме на титулата“, изјави Грујовска.

>>> Запознајте ја „бејби Лејно“ – новата голманска надеж на Вардар!

Младиот тим на ЖРК Вардар не се посрамоти оваа сезона, а ако продолжи да игра во ист ритам, сигурно е дека резултатите со тек на време ќе пристигнат.