ГРК Охрид со убедлива победа го отвори турнирот во Прилеп

Екипата на ГРК Охрид во рамки на првиот меч на турнирот „Миле Нешкоски“ славеше победа над МРК Куманово (32-21) и најави дека е еден од главните фаворити за трофејот на меморијалниот настан.

Избраниците на Алушовски до посакуваниот резултат дојдоа во второто полувреме. МРК Куманово даваше голем отпор, на паузата имаше негатива од само два гола (15-13), меѓутоа серијата од 10-1 на почетокот на вториот дел го реши прашањето околу победникот.

Гал Цирар со пет гола беше најдобар кај победникот, пред Рудолф Сафранко и Крсте Андоновски со по четири реализации, додека кај МРК Куманово се истакна Чиао Винисиус со десет постигнати гола.

ФОТО: РК Прилеп/Андреј Ристески