ГРК Охрид со последно збогум за трагично починатиот Никола Даниловски

Емотивен момент се случи пред стартот на езерската пресметка меѓу ГРК Охрид и Струга, во чест на трагично починатиот голман од редовите на „рибарите“, Никола Даниловски.

24-годишниот чувар на мрежата беше пронајден удавен во Охридското езеро, а сите се шокирани од ситуацијата. Неговиот матичен клуб Металург се прости во „Автокоманда“ пред мечот со Бутел, додека ГРК Охрид имаше свое простување пред мечот со Струга.

„Засекогаш со нас Џамбо“, стоеше на транспарентот кој го извадија домашните. Исто така тие носеа и маици во чест на прерано починатиот голман кој беше и репрезентативец.